Плашливите
луѓе се понаклонети кон згрутчување на крвта, односно со ризик од
тромбоза, соопштија научниците од универзитетот во Бон. Згрутчувањето на крвта го објаснува и фактот дека плашливите пациенти
се до четири пати поизложени на болести на срцето од психички
стабилните луѓе.
Поради тоа поговорката “замрзнува крвта во вените“ буквално ја опишува
здравствената состојба на луѓето наклонети кон паничен страв.
Стручњаците од бонскиот универзитет ја споредиле крвта кај пациентите
кои страдаат од панични пореметувања или страв од контакти (социјална
фобија) со крвта на здравите пациенти. Тие откриле дека организмот кај
плашливите луѓе ја спречува брзата појава на таканаречената
фибринолиза, што го отстранува згрутчувањето што, на пример се појавува
во случај на повреда.
"Тоа секако не значи дека луѓето со нагласен страв сега мора да стравуваат дека ќе добијат срцев удар", вели шефот на истражувањето Франциска Гесер.
Вистинската опасност се јавува дури тогаш кога на стравот ќе му се
придружат и други фактори на ризик, на пример пушењето или претераната
дебелина.
Извор: Макфакс