Еден кинез е добитник на титулата - сопственик на најголемиот
мобилен телефон на светот. Со ова признание тој влезе во Гинисовата
книга на рекорди. За изработката на телефонот му биле потребни
макотрпни шест месеци.
Господинот Тан изработил 620 пати зголемена реплика на својот мобилен
телефон кој бил тежок 21,77 кг и висок 91 цм и е во потполна функција.
Уредот содржи вградена камера, со него може да се телефонира, да се
праќаат СМС пораки односно да се пристапува на Интернет. Единствениот
проблем кој Тан не успеал да го реши е вградување на функција за
вирбации.
На оваа необична идеа Тан дошол пред две години, а за изработката на уредот му биле потребни шест месеци.
За жал не успеавме да дознаеме за кој модел на мобилен телефон станува збор.