Со оглед на тоа што во Јадранското Море се појавија нови видови на
риба, меѓу кои и неколку исклучително опасни врсти, сплитскиот Институт
за океанографија и рибарство почнал да соработува со Биолошкиот
институт во Котор, за заедно да ги набљудуваат новите видови риби во
морето. Најопасната риба што се појавила во Јадранот доаѓа од фамилијата четворозаби, чие латинско име е Sphoeroides pashygaster.
Овој вид на риба содржи исклучително силен и опасен неутротоксин
тетродотоксин кој предизвикува парализа на дишните органи и речиси
моментално предизвикува смрт.
Научниците предупредуваат дека оваа риба во никој случај не треба ад се
подготвува за јадење, иако во јапонија од неа со посебен процес се
подготвува деликатесот “фугу“.
“Оваа врста на риба е забележана во водите пред Будва, но тоа не е прв
пат бидејќи во Јадранот е забележана од 1992 година. но, изгледа дека
во Јадранот сега е воспоставена нејзина популација, бидејќи веќе може
да се пронајдат и полово зрели примероци. Рибата навистина содржи многу
опасни и потенцијално смртоносни токсини“, предупредува докор Јаков
Дуличиќ од сплитскиот институт.